Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Од:

Двајца пожарникари, на возраст од 23 и 44 години, загинаа денес, а трет беше повреден кога се урна дел од напуштен објект додека гаснеле пожар во Зефири, во општината Фили, во близина на Атина.

Според грчкиот информативен портал „Прототема“, пожарот избувнал околу 11:40 часот во зграда на улицата „Кацантони“.

На местото на настанот биле испратени дваесет пожарникари со шест возила; за време на интервенцијата, дел од објектот се урнал врз пожарникарите кои се наоѓале внатре.

Двајца пожарникари биле извлечени во бесвесна состојба и пренесени во болница, каде што им подлегнале на повредите, додека трет повреден пожарникар исто така е хоспитализиран.

Надлежните истражуваат дали пожарникарите починале од вдишување чад или од повредите здобиени при уривањето на објектот.

Причината за пожарот и точните околности на несреќата сè уште се утврдуваат.

Противпожарната служба најави спроведување административна истрага, а знамињата пред нејзините објекти се спуштени на половина копје во знак на жалост за двајцата загинати пожарникари.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви