Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

Од:

Во Нирнберг, вчера 34-годишен маж тешко ја повреди својата 33-годишна партнерка, државјанка на Србија, за време на расправија. Тој е уапсен и ќе биде изведен пред истражен судија.

Според германската полиција, од причини што допрва треба да се утврдат, двојката се расправала околу 16:30 часот во стан во нирнбершката населба Санкт Петер.

Вербалниот конфликт набрзо прераснал во физичка пресметка, при што 34-годишниот германски државјанин ја прободел својата партнерка со виљушка, а потоа побегнал од станот.

Повредената жена била пренесена во болница со тешки телесни повреди, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

Во моментов таа не е во животна опасност, пишува Bsaktuell.de.

Полицијата веднаш започнала потрага, а патрола на Единицата за поддршка (USK) при Полициската управа на Средна Франконија набрзо го пронашла и уапсила осомничениот во близина на плоштадот Ауфзесплац (Aufsesplatz).

Увидот и првичните криминалистички дејствија на местото на нападот ги извршила дежурната криминалистичка служба на Средна Франконија, а понатамошната истрага ја презело надлежното одделение на криминалистичката полиција во Нирнберг, поради сомневање за обид за убиство.

На барање на Државното обвинителство во Нирнберг-Фирт, осомничениот ќе биде изведен пред истражен судија, кој ќе одлучува за одредување притвор.

Би можело да ве интересира

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

(ВИДЕО) Србинката Нинослава Јовиќ меѓу најбараните во Европа: Се бара по грабежот на накит вреден 40 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он