Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Од:

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски е потврда на сè она што го говориме.Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС. Тој успешно го крие и го чува Никола Груевски, бегалецот од правдата кој украде 2 милијарди евра и побегна, но се уште ја управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина, велат од СДСМ.

– Бизниси, кредити, банки, оваа власт е директно поврзана со Орбан. Тоа е дел од вертикалата преку политичките партии, ФИДЕС на Орбан, СНС на Вучиќ во Србија и ДПМНЕ на Груевски и Мицкоски, која со години функционира на иста линија. Што е заедничко за оваа оска освен големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание? Големите протести во Унгарија и Србија против политиките што се водат ги поврзува токму корупцијата.

Во соседна Србија протестите траат повеќе од една година, по падот на настрешницата во Нови Сад каде загинаа 16 луѓе, скандал кој се поврзува и со 115 милиони долари поради наместени тендери, само една капка во морето. Во Унгарија пак изби огромен скандал со луксузен дворец поврзан со Орбан, со градини од палми, приватна зоолошка градина, зебри, фонтани, подземен гаражи и што ли уште не.

Звучи познато нели? Масовни протести во Будимпешта се одржаа против него а унгарските медиуми ги споредија со протестите во Србија против корупцијата. Во Македонија истата приказна, корупцијата цвета. Секој ден излегуваат огромни скандали како власта пумпа пари од граѓаните преку наместени тендери. Значи се е јасно. Криминалците се штитат едни со други. Тоа го потврди Конгресот на ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Беа на ист настан, премиерот не кажа до кога Лимани ќе биде министер

Катерина Ѓуровски

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Мицкоски: Квалитетот на животот, а не бројките, е суштината на демографските политики