Конференција за можностите за пренос на јавните овластувања во социјалата на НВО

Од:

Дефинирање на целите и приоритетите за подобрување на правната рамка, подобрување на пристапот до ефективни инструменти кои ќе поддржат делегирање на јавните овластувања на државата преку социјални договори кај граѓанските организации, има за цел дводневната конференција што денеска и утре се одржува во Скопје.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, кој се обрати на конференцијата, истакна дека приоритет на Министерството е подобрување на социјалните услуги кон граѓаните согласно со нивните потреби и, како што рече, во таа насока секое воведување на нови начини и форми на доближување на социјалните услуги до граѓаните се добредојдени.

– Системот за социјална заштита е сложена област која се регулира со повеќе закони и подзаконски акти и многупати во имплементацијата на овој сложен систем наидуваме на пречки кои се пред се изразени во практичната примена и тоа најчесто поради недостиг на човечки и институционални капацитети. Но, тука голема помош имаме од граѓанските организации кои вршат значителни активности во овие сфери пред се во сферата на работа со деца во ризик, преку основање на дневни центри, едукативни центри, советодавни центри.., истакна Ибрахими.

Додаде дека ваква можност за соработка нуди и Законот за социјална заштита кој им овозможува на здруженијата на граѓани и поединците да се вклучат во давањето на социјални услуги, иако, како што потенцира, тоа не значи дека Владата нема доволен капацитет да ја обезбеди испораката на социјалните услуги, туку дека со склучувањето социјални договори, може да се концентрира на своите клучни функции – креирање политики, поставување стандарди за услугите, мониторинг на квалитетот на услугите, контрола на трошењето на буџетот…

– Сметам дека моделот на социјалните договори ќе овозможи иновативен пристап за подобрување на квалитетот на испораката на социјални услуги, со вклучување на граѓанските организации и проширување на опфатот на социјалните услуги за маргинализирани групи, истакна министерот за труд и социјална политика.

Примерот со работата на СОС Детско селo Македонија, како и згрижувачките семејства за деца без родители и родителска грижа, како што рече, е доказ за успешноста на таквата соработка. Тоа, додаде, е модел кој успешно се реализира и во наредниот модел ќе се унапредува и ќе се работи на зголемување на ваквите позитивни примери.

Националниот директор на СОС Детско село Македонија, Јулијана Гапо истакна дека овој проект е насоченкон спроведување одредени реформи во социјалната заштита кои би придонеле до плурализација на социјалните услуги.

– На одреден начин би се направила децентрализација која ќе даде можност и на другите граѓански организации, НВО секторот, физички и или правни лица да бидат дистрибутори на социјални услуги. Со тоа би се овозможило да се зголеми палетата на социјалните услуги и да се подобри квалитетот, а Министерството за труд и социјална политика да има улога на контролор, да доделува лиценци и акредитации, но и долгорочно да се придонесе во Македонија да се имплементира еден од моделите кои функционираат во европските држави и регионот, рече Гапо.

На конференцијата учествуваат претставници од ЕУ, од МТСП, Заводот за социјални дејности, претавници на граѓански организации, владини институции, како и престанцици од земји во регионот и Европа во кои веќе функционира ваквиот систем, кои ќе го пренесат нивното искуство.

Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Преку социјални договори до одржливот, финансиран од ЕУ, а спроведуван од СОС Детско село Македонија.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска