Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Од:

Комисијата за употреба на историските имиња утре треба да има состанок и да достави извештај, по што ќе донесам соодветно решение, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога, за тоа до каде е постапката со бугарскиот клуб „Цар Борис III“.

На брифингот со медиуми во Министерството за правда, денеска беше појаснето дека, првиот пат барањето било од самиот клуб, додека сега е од Централниот регистар и дека веќе е пуштено барање од Комисијата до Централниот регистар.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната Комисија, беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

A1on

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски

МВР го расчисти случајот со претепувањето на копретседателот на бугарскиот клуб во Струга

Љупчо Георгиевски обвинет за ширење омраза: Претседателот на клубот во Битола ги навредил чувствата на Македонците

A1on

Милков: Затворањето на бугарските клубови ја зголемува тензијата, не знам дали Македонија е свесна за тоа

A1on