Ќе се подобри квалитетот на згрижувачките смејства

Од:

Дефинирање кој може и кој не може да биде згрижувач, критериуми и воведување нови форми на згрижување се дел од новите решенија од владиниот Акциски план за подигање на квалитетот на грижа во згрижувачките семејства.

Според новиот Правилник, како што информира денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, згрижувач може да биде лице на возраст од 18 до 65 години старост. Старосната разлика меѓу згрижувачот и згриженото дете треба да е помала и приближна на природен однос родител-дете, но не помала од 18 години, ниту поголема од 50 години.

Преку воведување на формите за згрижување, општо, специјализирано, интервентно и повремено, тој нагласи дека згрижувачките семејства постепено ќе се специјализираат.

Во специјализирано семејство може да се згрижи дете жртва на семејно насилство, со воспитно социјални проблеми, малолетен сторител на кривично дело или прекршок, дете или лице со попреченост и старо лице. Во интервентно згрижувачко семејство се врши итно згрижување на лице или дете кое е грубо занемарено или злоупотребено, или доколку родителот или старателот е спречен да се грижи за него заради болест или смрт, појасни Ристовски.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска