Ќе се маршира за да се зголеми репродукцијата

Од:

Група невладини организации ќе организираат марш на 18 номеври на скопскиот плоштад со цел да ги освестат младите да почнат да склучуваат бракови и да раѓаат деца, односно да повикаат на репродукција на нацијата.

Од невладините велат дека семејните вредности се во криза, никако не смее да се занемерат традиционалните вредности на нашиот народ и држава. Традиционалното според нив не значи застарено и конзерватицно.

Маршот се организира поради „сериозната состојба“ со младите која го доведувала во прашање опстанокот на нацијата.

Овој повик за репродукција прв го упати премиерот Никола Грувески на обраќањето пред бизнис заедницата, а по него почнаа и одредени министри, а сега и невладини прганизации.

Младите во Македонија најчесто на ваквите повици одговараат дека не е проблем, доколку државата им најде работа и место за живеење, зашто ако немаат услови за нив самите, тогаш како да обезбедат  за живот во заедница. Во продолжение дел од „фолклорот“ на целата оваа ситуација со „мажачките и женачките“, и коментарите кои пристигнуваат на оваа тема.

– А да ја оправија економијата, да ги зголемаа платите на 1000 евра, да ја намалија невработеноста од 50% на 5-10% и слични добри работи за народот да може да се мажи/жени? Ако не можат ова да го сторат тогаш ги замолуваме да не се глупираат..!

– Стави се у форма на обичен граѓанин, како што сме 80%, па да видиш дали ќе имаш за јадење прво, а не и за жена и деца.

– А…..Да воведете задолжително вработување во државните унституции за неженетите и немажените, небива нели . А за арач г.з голем.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска