Ќе пропадне барањето за автентично толкување на истрагите на СЈО

Од:

Владата сè уште не испратила мислење до Собранието за барањето за автентично толкување на членот 22 од постојниот Закон за специјалното јавно обвинителство, потврдија од таму за „А1он“. Од Владата велат дека течат роковите и доколку барањето пројде на владината комисија ќе биде ставено на разгледување на следната седница на Владата.

Пратеничката Соња Мираковска која претседава со законодавно-правната комисија за „А1он“ изјави дека го чека дека ја извести претседателот на Собранието откако претходно ќе стигне мислењето за автентично толкување од Владата. Сепак, извори од Собранието за „А1он“ велат дека со оглед дека е усогласен новиот Закон за јавно обвинителство меѓу СДСМ и ДУИ, со кој се решава статусот на СЈО, Владата може да не испрати мислење до парламентот во законскиот рок, со што, ова барање за автентично толкување не би се разгледувало.

Барањето за автентично толкување го поднесе државното јавно обвинителство по барање на Кривичниот суд кон средината на минатиот месец. Член на законодавно-правната комисија која треба да гласа за автентичното толкување на членот 22 од Законот за СЈО во кој е регулиран рокот за истрагите е и обвинетиот Ејуп Аљими, координаторот на ДУИ.

Во образложението на барањето пишува дека ообвинителствата и Кривичниот суд, членот 22 од Законот за СЈО го применуваат така што, бидејќи се работи за две различни дејствија, рокот од 18 месеци се засметува од последното дејствие од двата услови: преземање на предметите и преземање на материјалите во надлежност.

Материјалите од незаконското следење на комуникациите, на СЈО му се предадени на 30.12.2015 година, а одредени предмети, веќе оформени во јавните обвинителства, беа преземани во различни временски периоди. Во овој случај рокот од 18 месеци се засметува различно за секој предмет посебно, од денот на неговото преземање.

Според ЈОРМ јасно е дека доколку целта на одредбата е рокот од 18 месеци да важи само од денот на прием на материјалите, немало во неа да се наведе како дејствие и денот на преземање на предметите. Правното мислење на Врховниот суд дека рокот од 18 месеци не може да биде пречекорен од денот на приемот на материјалите, не е дел од законската одредба, ниту произлегува од нејзината и содржината на другите одредби во Законот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?