(ВИДЕО) Каракамишева: Законот не е реформски, туку со намера да се вдомат кадри на СЈО

Од:

“Законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венецијанската комисија и истите да бидат вметнати во овој закон”, рече професорката по Уставно право Тања Каракамишева, на дебата за законот за јавно обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Според неа со овој закон не е намерата да се донесе реформа во правосудниот систем туку да, се вдомат кадрите на СЈО.

” Ова е имитација на реформски акт. Полтронско вметнување на одредби од забелешките од 2007 год. Ќе ви дадам еден пример ако, некоја девојка во 2007 побарала мислење од моден креатор за облека, дали после 13 години кога таа е веќе оформена жена би ја носела таа креација.

Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО”рече Каракамишева.

Таа додава дека законот е против уставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов закон. Се уште вели дека стои на ставот дека и Законот за СЈО не требало да биде донесен.

” Цврсто стоев на ставот дека законот за СЈО ќе го поткопа правниот систем во државата. Се покажа дека сум била во право”, додаде Каракамишева.

Би можело да ве интересира

Каракамишева бара да се поништи Договорот од Преспа и сите акти потпишани од Талат Џафери

А1он

1,5 месец никој не ги работи истрагите на СЈО

Васко Маглешов

Законот за СЈО помина на Влада – aко има 80 пратеници може да се донесе уште месецов

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Мицевски: Лидерска средба за договор за СЈО

Сандра Бошковска

Каракамишева повикана на информативен разговор поради говор на омраза

Наум Локоски

Каракамишева: Коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ го остварува планот на Зијадин Села за делење на државата

Ана Ололовска