Законот за СЈО помина на Влада – aко има 80 пратеници може да се донесе уште месецов

Од:

Законот за Јавното обвинителство, со кој се регулира статусот на специјалното јавно обвинителство, поминал на владина седница, потврдија за „А1он“ извори од Владата. Следува периодот на убедување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, независната пратеничка група и помалите партии на етничките Албанци.

Истиот извор посочи дека ако се обезбедат 80 пратеници во Собранието за да се донесе законот, можно е уште месецов да се донесе Законот со кој се обезбедува иднина за истрагите, обвиненијата и предистражните постапки на Обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ објави дека за овој Закон, бараат лидерска средба.

Новиот закон се предвидува СЈО да биде надлежно за истрагите отворени по рокот од 30 јуни 2017 година. Предлог-законот предвидува СЈО да биде автономно, но хиерархиски подредено под државното Јавно обвинителство и да се застапува самото во прв и втор степен пред судовите, а во трет степен пред Врховниот суд тоа да го прави обвинител од ЈОРМ.

Нацрт-законот предвидува предметите што се во фаза на судење, обвиненијата и истрагите отворени по 30 јуни 2017 година, да ги застапува СЈО пред судовите. Мандатот на шефот на СЈО и на обвинителите ќе биде идентичен како и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Предистражните постапки што ги почнало СЈО може да ги преземе и Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и корупција во согласност со надлежноста.

Мандатот на сегашните обвинители во СЈО би бил најмалку една и најмногу до 2 години. По една третина од обвинителите ќе бидат избирани етапно на една година, на една им пол година и на две години, а изборот ќе го прави Советот на јавните обвинители.

Сите желби на СЈО во поглед на тоа што за што да биде надлежно во законот што самите го подготвија не се усвоени. Освен за бомбите, СЈО би било надлежно за кривичното дело попречување на правдата, за дела против изборите и гласањето, за кривични дела што ги сториле функционери преку злоупотреба на службената положба и овластувањето и сл.

Законот, меѓу другото, пропишува прислушуваните материјали да се користат заклучно со 15 септември 2020 година, а бомбите да се уништат една година по правосилната судска пресуда.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски