Каракамишева бара да се поништи Договорот од Преспа и сите акти потпишани од Талат Џафери

Од:

Професорката по уставно право и политички систем Тања Каракамишева преку Фејсбук статус повторно излегува со барања, за кои вели дека дека треба сите заеднички да се здружат за да ги остварат.

„Јас имам образ да го побарам ова, бидејќи имам докази дека жестоко сум се борела против сите овие канцерогени постапки и акти донесени на штета на Македонија“, пишува Каракамишева, потенцирајќи седум барања.

1. Поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија;

2. Поништување на сите акти кои се потпишани од Џафери;

3. Поништување на геноцидниот Договор од Преспа;

4. Поништување на уставните амандмани за промена на името;

5. Почитување на волјата на граѓаните изразена на 30.9.2018 година за бојкот на промената на името. Референдумска одлука немаше, бидејќи граѓаните со бојкот одлучија да ги казнат сите предатори на македонскиот народ;

6. Поништување на Законот за јазиците и носење нов закон согласно меѓународните стандарди за малцински јазицич

7. Секако, ако одиме низ историјата истото ќе се однесува и на ОРД, на законот за територијалната поделба на државата, законот за амнестија на УЧК, законот за криминалната приватизација на Македонија, итн.итн.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Џафери: Законот е јасен дека треба да има врзан потпис

Џафери: Со измените на изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите во изборниот процес