Каракамишева: Коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ го остварува планот на Зијадин Села за делење на државата

Од:

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи реагира дека не смее да се донесе Законот за јазици без амандманска расправа. Се погласни се гласините дека собраниското мнозинство ќе ги испочитува роковите кои собранискиот спикер Талат Џафери ги даде за усогласување на ставовите на власта и опозицијата, односно дека законот ќе се гласа најдоцна во четврток. Неофицијално, доколку двете страни не постигнат договор, законот ќе се гласа без разгледување на 35.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Каракамишева пишува дека доколку тоа се случи, мнозинството ќе ја уништи демократијата.

„Ако навистина излезат вистинити пишувањата дека СДСМ потклекнале пред ДУИ да се донесе неуставниот закон за јазици без амандманска расправа и дека прифатиле само да се гласа законот во истата форма како што беше донесен и претходно, тогаш поарно за сите топтан како пратеничка група да стават крст на демократијата во која се колнеа кога ги шлакаа институциите и спомениците во градот, да си стават крст на „животот“ во кој се колна дека ќе го донесат, да си стават крст на владеењето на правото, бидејќи тие сите до еден се тешки манипулатори, тешки преваранти, ништожници, калкуланти и гробари на сопствената држава“, пишува Каракамишева на социјалните мрежи.

Според професорката, на СДСМ и ДУИ им се поважни високите плати и птни трошоци, а зад нив оставале само, како што вели, раскичмена држава и енормна задолженост. Каракамишева додава дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ го остварува планот на Зијадин Села за делење на државата.

Би можело да ве интересира

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат

Разрешениот Села го разреши Таравари, сега двајцата се претседатели на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски