Кабинет на Спасов: Ременски измислува и фабрикува афери

Од:

Фросина Ташевска Ременски од самиот почеток на добивањето на функцијата технички министер за труд и социјална политика не ја крие добиената задача, а тоа блокирање на проектите во интерес на граѓаните и измислување и фабрикување афери. Нејзините обвинувања без поткрепа се обична клевета и манипулација.

Ова се наведува во реакцијата на кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов во врска поднесената кривична пријава на Ременски против него и вработена службеничка на пробна работа во Министерството.

За месец и половина откако е назначена за функцијата, стои во реакцијата, Ременски не покажа интерес за ниту еден проект напротив огромен број на проекти се закочени поради нејзините смислени опструкции.

– Ременски направи застој на решавање на 230 предмети за помалку од 60 дена кои не ги реши во законскиот рок. Невидено лицемерие и понижување на граѓаните е да обвинува за она што самата го прави а тоа е нерешавање на предметите. Криејќи се позади бесмислени соопштенија, јавноста сеуште чека одговор од техничката министерка зошто свесено дозволи претседателката на комисијата за труд и социјална политика при СДСМ, Мила Царовска да се претставува лажно како државен службеник и службено лице во министерството. Дополнително во неколку постапки, техничката министерка го прекрши Законот за јавни набавки во обид да ги закочи започнатите проекти со што предизвика незадоволство и гнев кај граѓаните, се вели во реакцијата од кабинетот на Спасов.

Фросина Ташевска Ременски, се истакнува во реакцијата, со денешното поднесување на пријава врши уште едно кривично дело-тоа е лажно пријавување. Техничката министерка ја докажа својата неспособност и единствено кое и преостана е фабрикување афери и извршување партиски наредби за поднесува неосновани пријави, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска