Ибрахими го посети семејството Смилески од Локвица и најави помош

Од:

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети таткото и синот од селото Локвица, Македонски Брод, сместени на хируршкото одделение во прилепската градска болница, повредени во пожарот во нивната семејна куќа кој се случи во средата околу полноќ.

Во катастрофалниот пожар загина Лепосава Смилеска, а таткото Славко и двајцата синови се повредени од кои едниот, Левко со тешки повреди е сместен на Клиниките во Скопје.

Според министерот Ибрахими, оваа посета има за цел да им покаже на членовите на несреќното семејство дека не се сами и дека Министерството ќе помогне со еднократна и друга помош.

-Ги посетуваме таткото и синот од семејството Смилески кои по катастрофалниот пожар се на лекување во прилепската болница. Дртугиот син поради сериозноста на пиовредите е сместен на клиниките во Скопје. МТСП во соработка со Центарот за социјални работи од Македонски брод веднаш на семејството Смилески ќе му додели еднократна парична помош од 30.000 денари. И градоначалникот на Македонски Брод ќе му излезе во пресрет на несреќното семејство. Мора да им помогнеме на луѓето, зашто ова што им се случи е голема трагедија при што имаше и жртва и сочувствувам со нив, изјави Ибрахими.

Во посета на Смилески беа и градоначалникот на Македонски Брод Милосим Војнески и со директорите на центрите за социјална работа на Прилеп Снежана Јованоска и на Македонски Брод Жарко Ристески.

Градоначалникот на Македонски брод Милосим Војнески нагласи дека и општината ќе му додели помош на семејството Смилески.

– В среда со одлука на Советот на општината на семејството Смилески ќе му доделиме помош од 30.000 денари. Бидејќи семејната куќа е целосно изгорена, локалната самоуправа на семејството ќе му обезбеди времен престој, а со поддршка на пошироката заедница да им обезбедеме и дом, рече тој.

Додаде дека катастрофалниот пожар се случил околу полноќ во средата кога ја зафатил семејната ќужа на Смилески во селото Локвица. Четиричленото семејство било дома, мајката таткото и двајцата синови. Во пожарот настрада мајката, постариот син е потешко повреден и е на лекување во Скопје, а таткото и другиот син се овде, во градската болница во Прилеп. Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Директорот на Центарот за социјални работи од Македонски брод Жарко Ристески вели дека се ќе се направи да му се помогне на семејството.

– Центарот во соработка со МТСП максимално ќе му помогне на семејството Смилески да ја надминат оваа трагедија. Покрај материјалната помош на семејството ќе му треба и психо-социјална поддршка што ќе ја добијат од стручниот тим на Центарот. Најстариот член на семејството, таткото Славко Смилески беше корисник на социјална помош и на надомест за нега. Неговата сопруга Лепосава загина во пожарот. Синот Томе е во прилепската болница, а постариот син Левко е сместен на Клиникте во Скопје, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска