И името Цар Борис III пред бришење: Бугарскиот клуб доби негативно мислење од комисијата

Од:

Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид.

На денешната седница Комисијата, како што информираат од Министерство за правда, даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид.

-Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе решение по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата, се вели во соопштението.

Комисијата, се вели во соопштението, смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

– Се наведе дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рахј и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Орце Костов

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски

МВР го расчисти случајот со претепувањето на копретседателот на бугарскиот клуб во Струга

Љупчо Георгиевски обвинет за ширење омраза: Претседателот на клубот во Битола ги навредил чувствата на Македонците

Орце Костов

Милков: Затворањето на бугарските клубови ја зголемува тензијата, не знам дали Македонија е свесна за тоа

Орце Костов