Груевски: Социјалните случаи бесплатно ќе добијат елаборат за легализација

Од:

На корисниците на социјална помош бесплатно ќе им биде изработен елаборат за легализација на нивните дивоизградени објекти, најави денеска мандатарот на идната влада и актуелен премиер Никола Груевски.

– Ова беше ветено во нашата програма и на една од првите седници на владата ќе биде прифатено како закон кој потоа ќе биде доставен до Парламентот, а по неговото усвојување ќе стапи на сила, истакна Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од проектот за превод на 1000 стручни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.

Тој ги отфрли како неточни стравувањата кои, како што рече, во последно време се шират дека доколку некој корисник на социјална помош ја легализира куќата, ќе му биде одземена социјалната помош.

– Тоа сакам најдиректно да го демантирам. Тоа се неточни гласини. Ова е едно од ветувањата на владата кое ќе биде експресно реализирано, потенцира Груевски.

Со оваа мерка се очекува да бидат опфатени околу 35 илјади корисници на социјална помош.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска