Груевски: Продолжува програмата „Д 10“ за вработување деца без родители

Од:

Владата на Република Македонија продолжува да ја имплементира програмата „Д 10“ што ја почна минатата година, која предвидува вработување на 10 до 12 деца без родителска грижа кои излегуваат од дом.

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека од почетокот на оваа година се вработени 33 и дека сега почнува процедура за допонителни 50-ина лица кои ќе бидат ангажирани во јавниот сектор.

– Имаме многу заостанати од изминатите 10-15 години кои не се вработени и затоа во следните година до две ќе има потреба од поголем број вакви вработувања, за програмата „Д 10“ година за година да се спроведува во буквална смисла, истакна Груевски, кој очекува таа редовно да се исполнува од втората половина на 2014-та.

Премиерот посочи дека со оваа програма Владата им излегува во пресрет на младите кои по напуштањето на домот и завршување на школувањето се препуштени самите на себе и имаат финансиски проблеми.

– Ова е наша грижа кон оваа популација на граѓани со кои судбината на некој начин си поиграла и ги довела во искучително тешка состојба да растат сами, без родителска грижа во дом за деца и подоцна, по напуштањето на домот, особено повозрасните генерации, оние кои завршиле пред пет, шест или седум години, биле оставени сами на себе, без кој било да им помогне. Повеќето од нив се уште се наоѓаат во тешка финансиска ситуација. Со овој гест на Владата сакаме на тие луѓе да им излеземе во пресрет, ако веќе тој дел од животот што го поминале им бил многу посуров, барем овој што е пред нив да им биде подобар и да им пружи подобри моменти, рече Груевски по отворањето нова лабораторија во МАНУ.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска