Граѓани со поддршка пред куќата на Таравари, тој им порача: Народот е за соработка со опозицијата, промената започна

Од:

Неколку стотици граѓани вечерва се собраа пред куќата на претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, како поддршка, откако утрово пред неговиот дом беше пронајден неиспукан куршум од автоматска пушка.

Тој фотографиите ги сподели на социјалната мрежа Фејсбук, каде кратко напиша „Промената започна. Пред граѓаните, тој посочи дека гласот на народот е за соработка со опозицијата.

„Знаев дека гласот на народот е за соработка со опозицијата. Тоа го заклучив зборувајќи со шефовите на ограноците, говорејќи на состанокот на Претседателството пред еден месец. Но, сега кога ја гледам поддршката од населението, сигурен сум дека ова мора да го продолжиме, со што ќе им ја донесеме промената за Албанците. Среќен сум што ги имам луѓето со мене. Сега најмногу што им треба на Албанците е да им донесеме промени. Верувам дека на 8 мај заедно ќе славиме. На моето барање за соработка со опозицијата позитивно одговорија 70 отсто од парламентарците“, рече Таравари.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица