СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Од:

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош. Осум недели нема извештај за водата. Нема одговори. Нема одговорност. Осум недели институциите молчат, нагласуваат од СДСМ.

– Зошто не се објавува извештајот за водата? Што се крие од граѓаните? Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Четири реки беа загадени, како и локални извори од кои граѓаните користат вода. Станува збор за прашање кое директно го засега здравјето на илјадници граѓани. Зошто осум недели јавноста, граѓаните не ги добиваат одговорите? Што крие Мицкоски, прашуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Повторно се пребарува Вардар кај Гостивар: ДЗС ги активираше специјализираните спасувачки тимови

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?