ГДУ: Политичките игри ви се провидни – никој не смее да биде амнестиран

Од:

Законот за СЈО кој го договорија СДСМ и ДУИ, а сега ќе го „доиспеглаат“ со ДПМНЕ отвора бројни сомнежи, се вели во денешното соопштение на партијата ГДУ.

„Дали ова значи дека се амнестираат Орце Камчев, Сашо Мијалков, Антонијо Милошоски, Али Ахмети, Бујар Османи? Притоа Јанева не крие дека постои можност некој да се спаси од „бомбите“. СЈО беше создадено да ја открие корупцијата, по сето она што го слушнавме како работела претходната власт.

Но како што се тргнало со амнестирање, селективност и со скандалозните судски одлуки, никој нема за ништо да одговара во оваа држава. Граѓаните делумно ја загубија довербата во СЈО, а сега наеднаш ќе ги снема и „бомбите“. Дали Ахмети и неговите најблиски соработници ќе останат „заштитени мечки“ благодарение на политичкот пазар?

Дали ова е жестоката борба против корупција која ја најавуваше власта пред изборите? Зошто СЈО оди под капа на ЈО? Зошто му се одзема независноста на ова Обвинителство? СЈО не ја дозаврши својата работа и тоа очигледно зошто партиите си дозволија да се мешаат во работењето на оваа институција која за момент ја врати надежта кај граѓаните за правда и правна држава. Од предметите кои ги отвори никој не е казнет, освен еден кој успее да избега и да не оди зад решетки“, се вели во соопштението на ГДУ.

На ваквите пазари и политички игри, додаваат од партијата мора да им се стави крај. „Никој не смее да биде амнестиран. Игрите ви се провидни“, велат од ГДУ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар