Фирмата за пиротехнички средства од Сопиште ја имала целокупната потребна документација

Од:

Министерството за економија по повод експлозијата што се случи во ДПТ ИЦЕМАК ДОО во општина Сопиште, вчера формира Комисија за анализа на постапката за давање согласност на фирмата за вршење дејност за пиротехнички средства.

Во денешното соопштение од Министерството за економија се посочува дека Комисијата ја проверила целокупната документација по предметот и утврдила дека ДПТ ИЦЕМАК ДОО поседува согласност за вршење промет на вооружување и воена опрема, според донесената Одлука од Владата на Република Македонија, од 11.12.2012 година, согласно Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, при што е запазена процедурата за добивање согласност за вршење дејност.

– Во документацијата друштвото има и одобрение за производство и промет на пиротехнички производи за временска модификација, забава и обука издадено од МВР на 10.06.2009, согласно Законот за зашита од експлозивни материи и Законот за промет на експлозивни материи, Решение за вршење на дејност – промет на големо со хемикалии во посебен магацински простор, издадено од Министерство за здравство на 17.07.2009, како и Решение за употреба на предметниот деловен објект, издадено од посебно формирана комисија од експерти и претставници од МВР и МО, определена од Општина Сопиште за работилници за производство на пиротехнички производи и администрација, се појаснува во соопштението.

Согласно Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема и Правилникот за условите за вршење производство и промет на вооружување и воена опрема (ВВО), Министерството за економија учествува во процесот за добивање согласност за вршење на промет на вооружување и воена опрема.

Согласно член 23 од наведениот закон, стои во соопштението од Министерствот за економија, промет на ВВО во Републиката и странство можат да вршат производителите на ВВО, трговски друштва и трговци поединци регистрирани за вршење на промет, кои се запишани во Централниот регистар на Република Македонија, врз основа на донесена одлука од Владата за давање согласност за вршење на оваа дејност. Доколку трговското друштво ги исполнува условите од членот 23 од овој закон, на предлог на Министерството за економија, а по претходно добиени мислења од Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, Владата дава согласност за доставениот предлог.

Би можело да ве интересира

Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

(ВИДЕО) Извршители селат професорка: Тој што од мекиците од децата збираше пари сака да ми ја одземе куќата

Маја Илиевска-Пачемска

Протест на жители на Сопиште, бараат да се реши нивниот проблем со електричната енергија

А1он

Кривична пријава за поранешен секретар на општина Сопиште

Ана Ололовска

Мицкоски: Пендаровски е избран на мафијашки начин во хотел, а Силјановска Давкова на демократски начин на Конвенција

Пендаровски во Сопиште и Студеничани: Напредок наместо изолација