Кривична пријава за поранешен секретар на општина Сопиште

Од:

Против Б.Д.(69) од Скопје, поранешен секретар на Општина Сопиште, поднесена е кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, пријавениот, како службено лице, секретар на општината, во текот на 2012 година, иако знаел дека согласно член 392 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата општината не е надлежен орган за утврдување на режимот на сообраќај и за издавање на „Согласност за приклучување кон регионален пат“, во име на општина Сопиште изготвил и со свој потпис и печат на општината заверил и издал „Сообраќајна согласност“ на правно лице од село Батинци, како концесионер на концесионото поле-варовник на локалитетот „Јаболци“.

-Така изготвената и издадената документација за добивање на Дозвола за експлоатација согласно член 55 од Законот за минерални суровини, од сопственикот на правното лице била употребена и приложена во прилог на поднесеното Барање до Министерството за економија. Од извршениот увид и преглед на податоци на извршена експлоатација било утврдено дека правното лице прибавило противправна имотна корист во износ од 35.641.056,оо денари, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он