А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фалсификатите ќе се делат на ранливи категории граѓани

by А1он09/04/2013 - 14:14145
Share0

Фалсификувани текстилни производи и обувки државата ќе ги дели на социјално загрозени лица и семејства и на жители од погодени подрачја од некаква елементарна непогода.

Добивај вести на вибер

Ова се предвидува во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, во прво читање кој денеска беше прифатен од Комисијата за финансирање и буџет.

Заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека стоката ќе ја дели одреден државен орган, под услов за тоа да се согласи застапникот на трговската марка и да бидат отстранети обележјата на трговската марка од производите.

Во текот на 2012 година запленила околу 12.300 парчиња, а од почетокот на годината, како што информира директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов вкупно се запленети 200.000 парчиња разновидна стока.

Тој потенцира дека запленетите фалсификати од година во година се помали, но се менува начинот на внесување во помали пратки.

Марјанчо Николов од СДСМ истакна дека оваа пратеничка група ќе ги поддржи предложените измени, напоменувајќи дека преку амандмани ќе побараат допрецизирање на текстот.

Комисијата на денешната седница го прифати во прво читање Предлог-законот за преземање акционерски друштва, чија цел, како што рече заменик-министерот за финансии, е да ги заштити малите акционери во Акционерските друштва.

Законското решение предвидува доколку некој што поседува 25 отсто од акциите на одредена компанија сака да купи повеќе ќе мора да даде понуда за преземање до сите акционери во компанијата и от нив да ги откупи по соодветна цена.

Предвидено е цената да не биде пониска од највисоката цена по која преземачот или лицата со кои дејствува заеднички купиле акции во последните 12 месеци и ако со акциите не е тргувано во последните 12 месеци преземачот е должен да понуди цена најмалку колку проценетата вредност на акциите утврдена од овластен проценител.

Марјанчо Николов забележа дека правилата од овој закон не важат за акциите на државата. – Не треба да се доведеме во ситуација така лесно да ги продадеме државните компании и тие што ги имавме државата не направи добра проценка и сега се изнесува голем профит надвор од земјата, рече Николов посочувајќи што докколку државата одлучи да ги продаде државните ЕЛЕМ и МЕПСО кој ќе ја утврди цената пазарот или договорот.

Предлог-законот претставува усогласување со европското законодавство.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен