Еврејската заедница во Македонија потврди, 19 годишната девојка киднапирана од Хамас има македонско потекло

Од:

Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата ја потврди Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло, кое, како што се тврди, го има од нејзина чукунбаба.

Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината пра-прабаба Грасиа Бивас била родена во Македонија во 1893 година, во семејството на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел, каде што низ годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

Од еврејската заедница во Македонија за А1он потврдија дека веднаш по добиената информација ја провериле целата документација како би ги потврдиле информациите дека девојчето навистина има македонски корени.

„ Навистина ни е жал за младата девојка, ова е невидено злосторство и се молиме и се надеваме дека брзо ќе биде ослободена. Ја проверивме веднаш нашата документација, но сме ограничени бидејќи поседуваме документација единствено од 1919 година, а според информациите чукунбабата била родена во 1893 година. Сепак успеавме да пронајдеме информации за таткото на чукунбабата Хаим Биваз, тој навистина бил член на еврејската заедница и како член на еврејската заедница имаме податок и документ дека во 1925 год се отселил во Приштина.“ изјави претседателот на еврејската заедница Пепо Леви за А1он.

Леви вели дека стапиле во контакт и со Рашел Леви Друмер која ја објави информацијата.

„Стапивме во контакт и со госпоѓата Друмер и во текот на денот целокумната документација која ја имаме ќе им ја испратиме во Израел. Ние како еврејска заедница во Македонија не можеме многу да сториме освен да излеземе во пресрет со целосната документација за која се надеваме дека некако ќе помогне во напорите девојчето да биде ослободено.“, вели Леви за А1он.

Според информациите на А1он девојката нема никакви македонски документи па оттука е нејасно дали и македонското МНР има какви било механизми да помогне.

Според израелските воени институции, во нападот на Хамас на 7 октомври биле киднапирани 242 Израелци. Од нив досега четворица биле ослободени, а еден бил спасен.

Повеќето македонски граѓани кои се наоѓаа во Израел, како и во Газа, беа евакуирани и пристигнаа во земјава преку специјални хуманитарни летови.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира