Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

Од:

Синот на израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, е критично повреден откако на окупираниот Западен Брег го удрил автомобил, објави CNN, повикувајќи се на локалните власти.

Нерија Лајтер, резервист на израелската армија, бил на должност на контролниот пункт Макабим. Според израелската полиција, возачот забрзал кон полициско возило паркирано на контролниот пункт и го удрил Лајтер, кој таму дејствувал заедно со полицаец.

Лајтер во бессознание бил пренесен во болницата „Шааре Цедек“ во Ерусалим. CNN наведува дека е критично повреден, додека израелските медицински извори неговата состојба ја опишуваат како тешка.

Неговиот татко Јехиел Лајтер, израелски амбасадор во Вашингтон, на социјалните мрежи објави дека на неговиот син „му треба чудо“.

„Верувам во силата на молитвата и верувам дека кога израелскиот народ ќе се обедини, се случуваат чуда“, порача тој.

Израелските власти случајот го третираат како напад со автомобил. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека војниците на местото на настанот отвориле оган кон возачот и го убиле.

Израелските безбедносни служби го идентификуваа возачот како 29-годишниот Махмуд Мохамад Слиман од блиското палестинско село Беит Ур ал-Тахта. Неговата смрт ја потврди и палестинското Министерство за здравство.

Околностите на настанот сè уште се истражуваат.

Другиот син загина во Газа

Семејството Лајтер веќе го загуби едниот син во војната во Газа.

Постариот брат на Нерија, Моше Једидија Лајтер, 39-годишен резервист на израелската армија, загина во борбите во Газа во ноември 2023 година, во првите недели од војната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин