Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Од:

Израелската армија го разнела главниот тунелски систем на Хезболах под гребенот Али Тахер во јужен Либан, соопштија денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац.

Силна експлозија се слушнала низ целиот регион додека израелските сили со експлозив уништиле две тунелски траси под ридот, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Во заедничко соопштение, Нетанјаху и Кац навеле дека подземниот објект бил уништен по нивна наредба и дека израелската армија сега ја завршила организацијата на безбедносната зона во јужен Либан.

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала бил регистриран во јужен Либан, соопшти Геолошкиот завод на САД, откако биле пријавени силни експлозии, додека Израел соопштил дека ја уништува подземната инфраструктура на Хезболах.

Медиумите известиле за огромна експлозија која предизвикала потрес, додека министерот за одбрана Кац објавил фотографии на кои се гледа огнена топка како се издигнува кон небото.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети