На прес конференцијата одржана 20 Ноември едукација и истражување ја информираше јавноста за правната помош што ја нуди во рамки на Младинскиот Центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари, а ја остварува во партнерство со Ромски ресурсен центар, Амбрела, Здружение за заштита на правата на детето, СОС Превентивна програма од Шуто Оризари и со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
При тоа беше истакнато дека текот на 2012 година се евидентирани 150 случаи на прекршување на здравствени и социјални права на жените и девојките од Шуто Оризари. Станува збор за прекршување на одредби од Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на правата на пациентите. Како прекршители се јавуваат, речиси сите, гинеколошки ординации кои се наоѓаат во околните населби во близината на Шуто Оризари.
Најиндикативини се случаите на незаконска наплата на услуги кај матичните гинеколози, коишто во согласност со нашето законодавство, треба да бидат бесплатни или, пак, случаи на наплата повисока од законски предвидената партиципација. Досега се регистрирани, дури, 91 ваков случај.
За споменатите случаи се иницирани постапки пред Народниот Правобранител и Секторот за контрола при Фондот за здравствено осигурување, од каде се добиени официјална потврда за спроведување на постапки за утврдување на воочените неправилности, за поправање на неправилностите и санкционирање на гинеколошките ординации, во согласност законските одредби.
ХЕРА и партнерите Ромски ресурсен центар, Амбрела, Здружение за заштита на правата на детето и СОС Превентивна програма од Шуто Оризари, апелираа до здравствените работници да ја почитуваат законската регулатива и да ја сопрат праксата на незаконско финансиско исцрпување на жените и девојките кои доаѓаат од социјално најзагрозената заедница во земјава и со тоа го отежнуваат нивниот пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје.