Ексразузнавачот Алексовски бил во станица бидејќи го снимал возилото на Џафери

Од:

Министерството за внатрешни работи потврди дека ексразузнавачот и советник на експретседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски, бил повикан во полициска станица да даде исказ. Оттаму за „А1он“ велат дека дошол на информативен разговор, бидејќи неовластено го снимал возилото на Талат Џафери, во близина на порта Македонија.

„Денеска С.А. беше повикан на информативен разговор во ПС Центар во врска со неовластено снимање на возилото на претседателот на Парламентот на 27.03.2020 кај Порта Македонија. Известен е јавен обвинител“, велат од МВР.

Претходно, „А1он“ објави дека Алексоски два часа остана во полициската станица Центар, каде се води предмет против него.

Екипа на „А1он“ го забележа влегувањето на Алексовски во станицата, а неговото излегување не можеше да го сними бидејќи истовремено полициски службеници го легитимираа новинарот поради, како што рекоа, евиденција за тоа кој се движи околу полицискиот објект. Во текот на распитот на Алексовски, полициски службеници двапати ја предупредуваа медиумската екипа дека е забрането снимање полицајци, прашувајќи кого чека пред станицата.

Инаку, Алексоски е отпуштен од Агенцијата за разузнавање со која раководи Еролд Муслиу бидејќи не добил безбедносен сертификат од Агенцијата за национална безбедност. Претходно, техничкиот министер за внатрешни работи побара Алексоски да биде трансфериран во неговиот тим, но тоа го оспори неговата заменичка, Славјанка Петровска.

Би можело да ве интересира

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат