А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

Синиша Алексоски на распит во полициската станица Центар

by Габриела Димковиќ-Мишевска04/05/2020 - 17:054217
Share0

Поранешниот советник на експретседателот Ѓорге Иванов, разузнавачот Синиша Алексовски, попладнево беше во Полициската станица Центар, каде што се задржа речиси два часа. Неофицијално, за Алексовски се води води предмет по претходна пријава. Поради тоа, тој бил повикан во Полициската станица на распит.

Следете a1on на Instagram Instagram

Екипа на „А1он“ го забележа влегувањето на Алексовски во станицата, а неговото излегување не можеше да го сними бидејќи истовремено полициски службеници го легитимираа новинарот поради, како што рекоа, евиденција за тоа кој се движи околу полицискиот објект. Во текот на распитот на Алексовски, полициски службеници двапати ја предупредуваа медиумската екипа дека е забрането снимање полицајци, прашувајќи кого чека пред станицата.

Од Министерството за внатрешни работи нема одговор на прашањата од „А1он“ за тоа каков предмет се води против Алексовски и зошто бил во Полициската станица Центар.

Техничкот министер, Наќе Чулев, по стапувањето на челната функција во МВР, побара разузнавачот Алексоски да биде дел од неговиот кабинет. За преземањето на Алексовски од Агенцијата за разузнавање во МВР не се согласи заменик-техничката министерка, Славјанка Петровска.

Следете a1on на Youtube YouTube
culevgjorge ivanovivanovmvrnajkje culevsinisa aleksovski

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео