А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДУИ даде зелено светло за СЈО, ќе се убедуваат ВМРО-ДПМНЕ, независните и помалите албански партии

by А1он05/03/2019 - 10:5705/03/2019 - 10:58330
Share0

Владата денеска на седница треба да расправа за законот за јавното обвинителство, кој поради неусогласеност со ДУИ досега не помина. Од Владата за „А1он“ потврдија дека предлог-законот ќе се најде на денешната владина седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува Законот за СЈО да биде донесен со консензус. Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека предлог-законот влегува во парламентарна расправа. Првин ќе се разговара со најголемата опозициска партија, па со помалата група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со помалите опозициски партии на Албанците. „Очекувам дека за овој закон треба и мора да се постигне консензус. Секако има секаков вид на очекувања, но редот е сите заедно да му дадеме поддршка“, рече Заев.

Како што објави „А1он“ предлог-законот предвидува предметите кои се во фаза на судење, обвиненијата и истрагите отворени по 30 јуни 2017 година да ги застапува СЈО пред судовите. Мандатот на шефот на СЈО и на обвинителите ќе биде идентичен како и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Предистражните постапки кои ги започнало СЈО, може да ги преземе и Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и корупција во согласност со надлежноста.

Мандатот на сегашните обвинители во СЈО би бил најмалку една и најмногу до 2 години. По една третина од обвинителите ќе бидат избирани етапно на една година, на година и пол и на две години, а изборот ќе го прави Советот на јавните обвинители.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сите желби на СЈО во поглед на тоа што за што да биде надлежно во законот што самите го подготвија не се усвоени. Освен за бомбите, СЈО би било надлежно за кривичното дело попречување на правдата, за дела против изборите и гласањето, за кривични дела кои ги сториле функционери преку злоупотреба на службената положба и овластување и сл.

Законот, меѓу другото, пропишува прислушуваните материјали да се користат заклучно со 15 септември 2020 година, а бомбите да се уништат една година по правосилната судска пресуда. За да помине предлог-законот треба „за“ да гласаат 80 пратеници.

Васко Маглешов

duisdsmsjovladina sednicavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Горан Наумовски03/09/2026 - 14:21

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Горан Наумовски03/09/2026 - 13:36

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

Горан Наумовски03/09/2026 - 09:13

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски03/09/2026 - 09:0903/09/2026 - 09:10

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски02/09/2026 - 13:1102/09/2026 - 13:12

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски02/09/2026 - 12:3002/09/2026 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео