Во Градскиот парк кај Школка денеска, веднаш по завршувањето на Женскиот рекреативен маратон, секој граѓанин ќе може да донира за бебето Најден кое се наоѓа на интензивна нега во Клиничкиот центар во Скопје.
На локацијата каде ќе има табла со натпис „Донација за Најден“, освен финансиски средства, ќе може да се доставува и се друго што е неопходно за бебето.
Според Клиничкиот центар, на Најден му се потребни пелени, млеко NAN 1 со неистечен рок, флаширана вода Ладна, Роса или Планинска, тетра пелени, бебешка козметика, влажни марамчиња и облека за едномесечно бебе.
Се препорачува донациите да бидат спакувани во соодветни картонски кутии.
Организаторите ќе ги однесат пристигнатите донации на Клиниката веднаш по 14 часот.