Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ доби нова фасадата со средства собрани од хуманитарниот концерт во организација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ кога со телефонски јавувања граѓаните донираа 6.000 евра.
Ова беше причина за посета на Домот од с министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски.
Министерот Ристовски рече дека Домот се реновира континуирано и оти ќе се продолжи и во иднина со цел да се адаптира соодветно на потребите на децата. Тој најави дека Домот ќе добие и Спортска сала која ќе се реализира заедно со Агенцијата за млади и спорт. Ристовски најави и дека 10 деца од Домот има можност да заминат на летување во Турција, а едно да добие стипендија за „Јахја Кемал“, во зависност од договорот со турската делегација.
Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, најави дека летово сите штитеници ќе одат на пливање и ватерполо, со цел да се развие нивниот дух, а да биде и прилог и поддршка еден ден да имаат можност да работат како спасители во одредени јавни објекти, базени, спортски комплекси.
Уреден е и дворот на Домот „11 Октомври“ со помош и поддршка од Британската бизнис група.