Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на општина Кратово Мите Андоновски и претставници на Црвениот крст денеска го посетија семејството Додеви во кратовското село Приковци, чијашто куќа неодамна беше опожарена.
Спасов на Зоран и Верица Додеви им додели еднократна парична помош, а тие воедно се и корисници на детски додаток. Црвениот крст на семејството им донира пакети со храна, хигиенски средства, ќебиња и облека за три месеци, како и вреќи за спиење и церада за да ја покријат куќата. Општина Кратово и градоначалникот Андоновски, пак, ветија дека ќе им помогнат со градежни материјали за изградба на куќата.
– Секој од нас како инстиутција ќе помогне во рамките на своите овластувања и можности и токму затоа настапивме координирано за да им излеземе во пресрет и да им ја дадеме првата помош за да го продолжат животот.
– Минстерството за труд и социјална политика на семејството Додеви им доделува еднократна парична помош во износ од 30.000 денари, но грижата за семејството ќе продолжи и понатаму со поддршка на Центрарот за социјални работи од Кратово кој има обврска дневно да ги посетува и да се грижи за нив, изјави министерот Спасов по посетата на семејството Додеви.
Пред неколку дена ова семејство со три дечиња го загуби својот дом во пожар.