Диме Спасов во посета на Македонска Каменица

Од:

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска беше во посета на Македонска Каменица, каде се сретна со градоначалникот Дарко Митевски и го посети новоизградениот Центар за деца со пречки во развојот.

– Морам да кажам дека ова е најубавиот објект, најубавиот дневен центар во Република Македонија. Вкупната инвестиција за изградба на овој објект изнесуваше околу 11 милиони денари. Тоа е инвестиција на општината, објектот е целосно завршен. Министерството за труд и социјална политика ќе го покрие делот за опремување на објекот со инвестиција околу 1 милион и 600 илјади денари или вкупна инвестиција од 12 милиони и 600 илјади денари, рече Спасов.

Додаде дека објектот опремата е веќе пристигната и оти се очекува по завршувањето на изборите да се ангажира потребниот кадар, и тој да се обучи за реализација на програмата со овие деца, а, како што рече, некаде на почетокот на следната година да се пушти во функција.

– Овој дневен центар многу ќе им помогне на родителите на децата со пречки во развојот во Македонска Каменица, меѓутоа и на самите дечиња. Досега голем број на деца го посетуваа Дневниот центар во Делчево што значи секој ден патуваа десетици километри до таму и назад со цел да ги користат услугите коишто ги реализира тој центар. Веќе во почетокот на следната годна ова нема да биде случај односно родителите безгрижно ќе можат да ги остават своите дечиња на професионалниот кадар којшто ќе биде ангажиран, којшто ќе им посвети целосно внимание на децата коишто ќе бидат згрижени во овој дневен центар за деца со пречки во развојот, рече тој.

Информира дека во рамки на целата недела ќе има стручен кадар којшто ќе се грижи за нивните потреби, а стручни лица ќе помагаат децата да се стекнат со нови знаења, нови вештини, да стекнат нови пријателства, да се социјализираат…

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска