Бесплатен одмор за 2.000 деца од семејства во социјален ризик

Од:

Трета година по ред деца од семејства со социјален ризик ќе одат на бесплатен летен одмор. Огласот, кој ќе биде објавен утре, предвидува да опфати 2.000 дечиња.

– Поаѓајќи од универзалното право дека секое дете има право на социјална сигурност, рекреација и животен стандард е мотивот поради кој и оваа година ќе се реализира Проектот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Проектот се спроведува од 2012 година, и досега вкупно 6000 дечиња посетиле бесплатен летен и зимски одмор, односно 4.000 дечиња имаа можност да заминат на бесплатен летен одмор а 2.000  на бесплатен зимски одмор, информираше Спасов.

Појасни дека бесплатниот летен одмор ќе го користат и децата без родители и родителска грижа родени во период од 1999 до 2003 година односно деца – редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2013/2014 година.

Одморот ќе се користи во текот на летниот распуст во смени од по седум дена почнувајќи од 1 јули во сместувачките центи на Охридското Езеро.

На огласот може да се пријават сите родители кои користат социјална парична помош, постојана парична помош и посебен додаток. Барањето треба да го поднесат до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење, до 27 јуни.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска