ВИДЕО: Антикорупциска отвори предмет за паушалите на Штерјев, Вангеловски и Караџовски

Од:

Антикорупциската комисија по соптвена иницијатива, ќе утврдува дали експретседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, првиот човек на Врховниот суд Јово Вангеловски, како членови по функција во Управниот одбор (УО) на Академијата за судии под раководство на Анета Арнаудовска, три години земале месечни паушали од по 10.000 денари што законски не им следувале, а една година овој паушал го земал и претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев. Ова беше објавено на отворена јавна седница.

Сомнежите се дека Караџовски, Штерјев и Вангеловски, го прекршиле Законот за акдемија на судии и јавни обвинители од ноември 2015, кога бил донесен, до октомври 2018 година кога беше избран нов Управен одбор. До тогаш, Караџовски и Вангеловски и Штериев добивале надомест по стар закон кој важел до февруари 2015.

Пречката за исплата на овие паушали е што во Законот за академија на судии и јавни обвинители, донесен во февруари 2015, членовите по функција: првите луѓе на судскиот и обвинителскиот совет, на Врховниот суд и државниот обвинител, не членуваат во Управниот одбор на Академијата, па оттука немале право да земаат паушали.

Во преодните и завршни одредби на Законот пишува дека стариот Управен одбор може да се задржи само три месеци додека се подготовките за избор на новиот. Сепак, Управниот добр со членовите по функција и со паушалите, се задржа незаконски три и пол години, сè до 19 октомври кога беше избран новиот.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“