Андов: Камчев е изолиран од Мијалков, максимално е заштитен и не се жали на условите

Од:

Бизнисменот Орце Камчев од приемниот дел во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е преместен во внатрешниот дел на затворот. По негово барање, а со одобрение на судот тој останува сам во ќелија. Од затворот не коментираат дали сега е сместен во поголем простор, бидејќи пред една недела, неговите бранители се жалеа на малиот простор. Директорот на затворот, Филип Андов, за „А1он“ вели дека Камчев е сместен во крило на затворот, изолиран од Сашо Мијалков за да немаат заеднички контакт.

„На притвореното лице Јордан Камчев секогаш има обезбедено вода, како и секое притворено лице така и притвореното лице Јордан Камчев имаа право да си порача и флаширана вода од затворската кантина. Како и за секое притворено лице затворската полиција прави безбедносна проценка, така и за притвореното лице Јордан Камчев е направена проценка за безбедносен ризик во дадената ситуација е заштитен максимално. Тој откако е однесен на кардиолошки преглед – неговата здравствена состојба е во ред, а за понатамошни консултации за неговата здравствена состојба се консултира со затворскиот лекар“, вели Андов за „А1он“.

Досега, според затворскиот директор, Камчев се нема пожалено ниту усмено, ниту писмено дека добива закани и притисоци.

„До сега се нема пожалено на затворската управа или до директорот за некакви проблеми, услови или слично. Како и секое притворено лице така и лицето Јордан Камчев има право на користење на прошетка на свеж воздух, истиот поради безбедносна проценка е издвоен сам“, додава Андов.

Претходно, одбраната на Орце Камчев се жалеше на условите во затворот и ќелијата каде е сместен притворениот бизнисмен. Тие велеа дека поради ова ќе се обратат до Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет. Според нивните тврдења, Камчев не добивал секој ден вода за пиење, нема пристап до светлина и свеж воздух. Ова го негираше директорот на затворот, Филип Андов.

Орце Камчев веќе 16 дена е во притвор одреден од судија на претходна постапка поради опасност од бегство. Притворот како мерка го побара обвинителката Лиле Стефанова која го води предметот „Плацови на Водно“, каде Камчев е осомничен. Адвокатите на бизнисменот поднесоа и жалба на мерката ефективен притвор, која Кривичниот совет при Кривичниот суд во Скопје ја одби.

Бизнисменот Орце Камчев, по одредувањето на притворот и спроведувањето во затворот „Скопје“, негираше дека сакал да бега. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов