Акција за донирање на стар мебел

Од:

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвен Крст на Република Македонија и општините ќе реализира акција под мотото „Се грижиме за топол дом“.

Како што информира министерот Диме Спасов, целта на акцијата е да ги задоволи основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго, на сите граѓани кои неможат да обезбедат средства за купување на овие работи.

Преку оваа акција сите грагани кои имаа вишок на мебел, покукнина, апарати за домаќинство, а поради најразлични причини не им се потребни сега имаат можност да ги донираат на оние граѓани што имаат потреба, да олеснат нечиј живот, да подарат, да бидат хумани и општествено одговорни.

Министерот упатиповик до граѓаните кои имаат вишол на стар мебел, апарати за домаќинство и кои се расположени да ги донираат на социјално загрозени семејства, да се јават на телефонскиот број 0800 55 800, или на e-маил адресата [email protected], на која ќе можат да доставуваат податоци и фотографии од донацијата.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска