Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Од:

ДУИ на Али Ахмети и Народното движење на Скендер Реџепи ја потпишаа коалицијата наречена „Европски фронт“. Засега, остануваат двете партии, без потпис на крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села. Според претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека само со членството во Европската Унија може да се спречи младите да си одат од Македонија.

„После 23 години, ние успеавме. Постепено, сите заедно, бидејќи големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Република Македонија, бидејќи нештата во глобалната политика чекорат лошо. Немаме ништо против политичките партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани што се случуваат во Европа и Блискиот исток. Затоа, ова обединување е повеќе од потребно. Треба да се поддржи од турската заедница, ромската заедница. Ви настапуваме навистина чесно. Затоа мораме сите ние едногласно да ги поддржиме овие обиди кои произлегуваат од срцето, затоа што Албанците историски изгубиле во одлучни моменти, кога не биле обединети. Да ги реализираме соништата на нашите предци. Да ги зајакнеме нашите позиции, да не паѓаме во заседа на пропагандата на партиите, туку да ја гледаме нашата историска мисија, да ја држиме во живот успешно и на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, Бујар Османи и да продолжиме и на 8 мај, да победи „Европскиот фронт“, затоа што токму ова е мисија која тече. Јас сум рекол дека ние правиме максимални обиди за нашата земја да чекори кон Европската Унија, затоа што тоа е единствена алтернатива. Како може да го стопираме тоа што нашите луѓе бегаат, тоа може само со членство во ЕУ. Тоа го сториле сите земји членки, нивните луѓе повторно се враќаат во своите земји. И регионот има потреба за поголема стабилност. Ние велиме „да“ за ЕУ, „не“ за Русија. Имаат партија кај нас, имаат медиуми кај нас и сакаат да го спречат нашето членство во Европската Унија. Осми мај е референдум, дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад“, рече Ахмети.

Тој посочи дека се во тек преговори и со други политички партии, со став дека е процес отворен подолго време.

„Зборуваме со сите, и со Алијанса за Албанците, и со господинот Тачи и со Аријанит Хоџа и со турската партија и со ромската партија да се приклучат во оваа коалиција“, вели тој.

Лидерот на Народното движење, Скендер Реџепи најави промени во судството и обвинителството и најави дека „Европскиот фронт“ ќе докаже дека има доволен капацитет да покаже, не дека само ќе ги освојат изборите туку многу повеќе. Ги повика во „Европскиот фронт“ да се приклучат и други политички субјекти и невладини организации.

„Политиката е процес што покажува дека имаме животни, социјални, образовни проблеми, а не верски проблеми. Ние што сме за политички процеси и за здрави чекори. Денеска за нас е историски ден. Денеска се отвора поглавје кое се нарекува „Европски фронт“ и кој ќе се памети долго, бидејќи овој фронт ќе биде носител на промени, на подобрување на животниот стандард. Овој фронт ќе биде добар, бидејќи нашето општество без етнички проблеми ќе биде подобро општество. Овој фронт е почеток, иницијатива која ќе докажува дека ние нашите цели ги имаме со работа и долгорочни дела. Овој фронт е составен од два политички субјекти – ДУИ, која веќе 22 години е дел од владата и секако несомнено дека покрај овој голем политички субјект има нов субјект, но ви ветувам дека Народното движење ќе биде најголемото нешто во политиката во иднина, зошто промените ги прават тие кои се на вистинското место во вистинско време“, кажа Реџепи по потпишувањето на коалицијата.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски