Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Од:

Врз основа на официјалните податоци на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, ја информираме јавноста дека индустриското производство бележи драстичен пад од 9,4 проценти во споредба со јануари минатата година. Ова е јасен показател дека над 200 милиони евра од унгарскиот кредит не дале никаков ефект врз економскиот развој на државата. Напротив, и денес нема транспарентност за тоа како се распределени овие средства и кои се нивните корисници, се вели во соопштението на ДУИ од денешната прес-конференција на Бесарта Алија.

– Дополнително, податоците покажуваат и пад од 3,6% на бројот на вработени во индустрискиот сектор – сериозен аларм за економијата и за животниот стандард на граѓаните.

Оваа состојба укажува на континуирано влошување на економските прилики, додека Владата не презема конкретни мерки за поддршка на граѓаните. Во исто време, државниот буџет се соочува со сериозни притисоци.

Демократската унија за интеграција ги повикува надлежните институции итно да ја објават листата на компании корисници на средствата од унгарскиот кредит. Падот на индустриското производство со право го поставува прашањето: каде завршија овие средства и како се инвестирани?

Владата мора веднаш да ги информира граѓаните – кои на крајот ќе го носат товарот од враќањето на овој кредит од 200 милиони евра – за начинот на распределба на средствата и за конкретните корисници, изјави Алија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски