(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Од:

Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот идентитет, јас сум убеден дека по следните парламентарни избори, ќе заминат во историјата и никогаш повеќе нема да ни се повторат – изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ поврзани со евроинтегративниот процес.

– Тоа е позната реторика, сега што да коментирам кога сум ја коментирал многупати во минатото. Начинот на кој СДСМ ги гледа евроинтегративните процеси, а тоа е исклучиво распродавање на македонскиот национален идентитет, удар врз ткивото, тоа се, би рекол, мекотелни политики. Тие се мекотелни политики, тие се мекото ткиво на македонскиот идентитет и на тој начин ја загрозуваат целата онаа стратегија што ние како Влада ја градиме – рече Мицкоски, кој денеска беше во Гази Баба.

За жал следбенците на „живковизмот“ во Бугарија, како што кажа, денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија кои се уште се активни, како луѓето од опозициската СДСМ кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание.

-Тие се само обичното меко ткиво на македонскиот идентитет. Сите во светот треба да знаат и македонските граѓани дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не иде, и дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не бива. А ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во каква било авантура се додека нема јасен крај, прво и второ, се додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Нема да се поместиме нити милиметар. Ќе чекаме, ако не ние, ќе го пренесеме тоа на тие што нас ќе не следат. Ако и тие не успеат и тие што нив ќе ги следат, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски