Пет милиони евра поделени на 30 домашни компании со иновации

Од:

На триесет домашни компании им се одобрени грантови од Фондот за иновации и технолошки развој за реализација на проекти со иновации. На компаниите им се поделени 5 милиони евра, што е 60-70 отсто од средствата за реализација на проектите. Преостанатите 30-40 отсто треба да ги обезбедат самите компании.

„Листата на компании добитници на грантовите е конечна, одлуката ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции, но сè уште не е за објава оти ќе побараме од компаниите корекции во планираниот буџет. Ќе бараме намалување на дел од трошоците, а кога ќе заврши оваа процедура, ќе ги објавиме имињата на компаниите добитници на грантовите за комерцијализација на иновации“, рече Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, кој нагласи дека годинава интересот за овој повик е 2,5 пати поголем од интересот на истиот повик лани.

За компаниите што се пријавиле на овој повик, но сега не се меѓу 30-те добитници на грантови, директорот Деспотовски вели дека се обезбедени дополнителни средства. Планираниот буџет од 5 милиони евра, пари кои се веќе распределени, е зголемен на 12,5 милиони евра, па грантови во Фондот очекуваат да им бидат доделени на уште 50 компании.

„ Освен тоа што имаме дополнителни средства, кои може да ги искористат компаниите што сега не се на листата на добитници, утврдивме дека 173 пријавени за овој грант имаат проекти што се однесуваат на опрема и слично и со кои може да аплицираат за грант за технолошки развој. На ваквите фирми ќе им испратиме препорака да се пријават за овој грант. Огласот ќе биде распишан во октомври“, вели директорот Деспотовски.

Од денес сите одбиени компании од Комитетот ќе добијат можност да остават забелешки во врска со одлуката. Директорот Деспотовски најави дека на веб-страницата на Фондот ќе биде поставен линк со формулар, каде што ќе може да остават забелешки, кои ќе им бидат презентирани на петтемина членови на Комитетот.

Сите компании добитници на грантови, се домашни и меѓу нив нема лица поврзани со функционери, тврди директорот Деспотовски. На повикот за комерцијализација на иновоцаии се пријавиле вкупно 487 компании, кои заеднинички понудиле 7.320 нови вработувања.

 

Би можело да ве интересира

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Павлова-Николовска

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Павлова-Николовска

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска

Петров: Проектите ги одобрува Комитетот за одобрување на инвестиции според строги критериуми, а не ФИТР

Ана Ололовска

Прва македонска платформа за поврзување студенти и дипломци со компаниите

А1он

ФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден раст и развој на македонските иновативни компании

А1он