Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Од:

Највисока реализација на капитални инвестиции во однос на планираното во Буџетот е остварена минатата година. Реализацијата е на ниво од 97 проценти во однос на планираното, односно 707 милиони евра, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Буџетот за 2024 тежи 5,5 милијарди евра и носи повеќе пари за плати, пензии, капитални инвестиции. Во Буџетот за 2024 година капиталните расходи се на ниво од 41,2 милијарди денари или двојно повисоко од пред две години, со кои ќе се реализира значителен инвестициски циклус во патната, железничката инфраструктура, енергетиката, образованието, здравство и слично. Проектите се веќе отпочнати. На заедничката прес-конференција со директорите на Управата за јавни приходи и Царинската управа, министерот Бесими посочи дека се работи пред се, за инфраструктурни проекти, но и за други инвестиции.

Вкупните приходи минатата година биле на ниво од 98,3 проценти, а расходите на ниво од 98,1 процент. Има тренд на намалување на буџетскиот дефицит од 8 проценти во 2020 година на 4,67 проценти во 2023 година. Во однос на јавниот долг има намалување односно дека на крајот на третиот квартал од минатата година бил 55 проценти од БДП што е намалување од 3,8 проценти во однос на 2022 година.

Покрај даночните приходи планирани за наредната година, во оваа година се обезбедени и средства потребни за покривање на буџетскиот дефицит и за отплата на обврски кон странство и дома.

Во буџетот нема предвидено пари за зголеми функционерски плати, дециден Бесими.

Во однос на најавените вработувања во администрацијата, Бесими тврди дека институциите не смеат да вработуваат освен ако не се пополнува испразнето работно место поради пензионирање или друг вид одлив на кадри.

Одлив на вработени има постојано. бројот на вработени во администрацијата од година во година се намалува. Податоците покажуваат дека од 87.028 вработени 2021 година, бројот на вработени во 2023 година изнесува 84.200. Што значи имаме еден тренд на намалување на бројот на вработени, вели Бесими.

Во Буџетот за 2024 година, проектирани се средства за плати за 10% повеќе во однос на 2023 година за исплата на плати за постојните вработени во јавниот сектор. Целта според Бесими е да се  обезбеди постојан раст на платите, за да има администрација која ќе пружи квалитетни услуги за граѓаните и компаниите.

Тоа е една сеопфатна реформа што се спроведува во администрацијата. Треба да се ангажираат на неопределено време наместо на определено време, но на транспарентен начин преку јавен оглас и за тоа не се потребни дополнителни средства. Значи не се оптоварува Буџетот, не се потребни дополнителни средства, дециден Бесими.

“Секоја институција е должна за да ги привлече ефикасните работници. Вработените во јавниот сектор треба да знаат дека за секое нивно место, минимум уште девет други чекаат и земаат плата од нашите даноци како граѓани. Треба да служат на граѓаните“ истакна Бесими.

Вкупните приходи минатата година биле на ниво од 98,3 проценти, а расходите на ниво од 98,1 процент. Министерот за финансии Фатмир Бесими уверен дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува и во 2024.

Продолжува и фискалната консолидација, односно трендот на намалување на буџетскиот дефицит од 8 проценти во 2020 година на 4,67 проценти во 2023 година. Во однос на јавниот долг рече дека има намалување односно дека на крајот на третиот квартал од минатата година бил 55 проценти од БДП што е намалување од 3,8 проценти во однос на 2022 година, изјави Бесими.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Ковачевски: Министрите чии роднини работат во М-НАВ си даваат ставови, не можам да им бидам портпарол