Годишниот извештај за сиромаштија и социјална исклученост во Македонија покажува голема разлика меѓу одделни општини и региони во Македонија во однос на пристапот до услугите од системот на социјална заштита, невработеноста, пристапот до образование.
И во 2011 година во Македонија е измерена огромна стапка на сиромаштија која изнесува 31 процент, а тоа значи дека секој трет Македонец е сиромашен.
Анализирани се осум општини – Штип, Струга, Струмица, Прилеп, Гостивар, Куманово, Велес и скопската Кисела Вода. Опфатени се сите региони во Македонија.
Според австрискиот амбасадор Томас Бајер, не постојат универзални мерки кои може да се применат, но порача дека овој извештај е добра основа за надлежните институции во борбата против сиромаштијата.