Земјите од Г-20 трошат приближно четвртина повеќе за фосилни горива отколку за обновлива енергија

Од:

Земјите од Г-20 трошат приближно четири пати повеќе средства за поттикнување на производството на фосилни горива, отколку за субвенции за обновливи извори на енергија, што под прашање ги става од нив преземените обврски за запирање на климатските промени, информираа светските агенции, повикувајќи се на сознанијата на мозочни трустови.

„Владите од Г-20 инвестираат приближно 452 милијарди долари годишно за да помогнат во производството на вадење горива од почвата, и покрај тоа што презеле обврски да се борат со климатските промени“, се наведува во извештајот на организациите „Оверсис дивелопмент институт“ и „Оил челинџ интернешенел“.

Клубот на 20-те најбогати и брзоразвивачки економии во 2013 и 2014 година трошел просечно 78 милијарди долари под форма на директни субвенции и даночни олеснувања .

Уште 286 милијарди долари годишно биле инвестирани од државните компании на земјите од Г-20 за производство на нафта, гас и јаглен. Помошта, што се дава од државните финансиски институции, на пример, под форма на банкарски кредити, изнесува 88 милијарди долари.

Истовремено, субвенциите за обновливата енергија во 2013 годиа изнесувале 121 милијарди долари, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергетика.

Турција, која претстојниов викенд ќе биде домаќин на средбата на лидерите од Г-20, под форма на државни субвенции за фосилни горива во 2013 година потрошила најмалку 627 милиони долари  и уште толку во 2014 година.

Кина е земјата која  дава најсериозна поддршка на овој сектор со годишна помош во износ од 77 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

А1он