Започнуваат разговорите помеѓу Србија и ММФ

Од:

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд денес во Белград ќе започне разговори со српските власти за тековните економски и монетарни движења во државата.

На состанокот се очекува да се зборува за исполнување на буџетот и спроведување на договорените реформи, а во случај оценките да бидат позитивни, постои можност и за почеток на преговори за нов ангажман помеѓу Србија и ММФ.

Планирано е мисијата на ММФ која ја предводи Зузана Мургасова, во Србија да претстојува две недели.

На крајот на последната посета на Белград 20-ти ноември 2012 година, мисијата на ММФ, соопшти дека фискалната консолидација е приоритет на властите во Србија и дека е тешко достижен планираниот буџетски дефицит во 2013 година од 3,3 проценти бруто домашен производ.

Последниот ангажман помеѓу Србија и ММФ е потпишан кон крајот на септември 2011 година, а е замрзнат во почеток на февруари 2012 , бидејќи буџетот за таа година отстапи од договорениот фискален програм.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија