Увозници на половни возила ги изнесоа своите забелешки за Законот за данок на моторни возила

Од:

Дел од увозниците на половни возила денеска пред претставниците на Царинската управа, ги изнесоа своите забелешки во однос првичната примена на Законот за данок на моторни возила, кој стапи на сила  на 1 јануари 2020 година.

-Како една од главните дилеми, која беше посочена на состанокот, беше практичната примена на законските одредби и нејаснотиите со кои се соочуваат увозниците на половните возила при пресметката на новиот данок за моторни возила, како и зголемувањето на давачките за кои стравуваат дека ќе предизвика прекин во нивното работење. Особен акцент во разговорите беше ставен на возилата кои се оцаринети пред почетокот на примената на новиот Закон за данок на моторни возила, дали подлежат на дополнителен данок или не, како и состојбата со возилата кои се на пат за испорака во нашата земја. Истакната беше поддршката на носењето на измени во делот на даночењето на моторните возила со позитивен пристап за стимул на увоз на поеколошки возила, но сето тоа во корелација со куповната моќ на граѓаните за кои истакнаа дека тешко може да си дозволи купување на поскапи возила, информираат од Царинската управа.

Од страна на Царинската управа на состанокот биле презентирани основните одредби на Законот за данок на моторни возила и биле направени неколку пресметки на данокот на моторни возила.

-Беше заклучено дека во делот на начинот на пресметка се уште во јавноста кружат шпекулативни пресметки кои во многу ги доведуваат и увозниците и купувачите во заблуда, при што граѓаните се во дилема колку давачки треба да се платат за возилата. Од страна на Царинската управа беше истакнато дека граѓаните овие давачки можат сами да ги пресметаат доколку го користат калкулаторот кој е објавен на веб страната на Царинската управа кој е воспоставен за таа цел (линк на следната страна http://ite.customs.gov.mk:9070/userForm ). Во оваа насока беше предложено да се организира директно презентирање на законските одредби пред увозниците по региони и да се расчистат дилемите со кои се соочуваат во моментот, велат од Царината.

Оттаму појаснуваат дека согласно новиот закон, возилата со вредност до 10.000 евра се даночат исклучиво само по тоа колку загадуваат, а не како досега по вредност на возилото.

-Тие што имаат помали емисии на СО2 плаќаат помалку давачки од тие кој емитуваат повисоки износи на СО2. За возила со вредност над 10.000 евра пресметката се врши и по емисијата на СО2 и по вредност на возилата, обајснуваат од Царинската управа.

Во однос на дилемите дали треба досега оцаринетите возила да платат данок потенцирано, на состанокот, било заклучено дека тоа што е завршено по стариот закон не подлежи на дополнителна наплата на данок на моторни возила и возилата можат слободно да се продаваат на купувачите.

Царинската управа информира дека ќе оствари дополнителна средба со сите засегнати страни со овој закон.

Би можело да ве интересира

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

A1on

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

A1on

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила