УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Од:

По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три добро познати бензински пумпи од различни региони во државава.

– Денеска до полноќ треба да завршиме со попис во една бензинска пумпа. Оди малку потешко соработката со даночниот обврзник. Целиот капацитет од Регионалната дирекција на УЈП во Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за една посебна мрежа, но и за три познати бензински пумпи од различни региони од државата по што по завршување на пописот и по празниците ќе дадеме соодветно известување, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов