УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Од:

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници на која се најдоа 5.407 фирми и граѓани кои имаат доспеани долгови до 30 ноември 2023 година, а не ги платиле до 29 февруари. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.03/2024 објавени се 1801 должници – правни лица (помалку за 71 од претходната листа) и 3606 физички лица (помалку за 21 од претходната листа)

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2024 изнесува 9.829.008.706 денари, (помалку за 516.849.267 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.627.319.566 денари или 156 милиони евра (помалку за 513.855.269 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 201.689.140 денари (помалку за 2.993.998 денари од претходната листа).

Топ-10 листата на должници ја предводaт „ХАНС ОСОЈ Трејд“ и „Окитна Трејд“ од Скопје кои должат 734,3 милиони денари, односно 724 милиони денари по основ на ДДВ.

Следува подружницата на чешката фирма со руски сопственик, „СГСМ Оил Гас Сервис“ која должи 224 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра. Трето е Јавното комунално претпријатие Гостивар кое должи околу 2,4 милиони евра.

Следува „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотел „Мериот“ , со долг од 2,2 милиони евра односно 135,2 милиони денари за ДДВ и данок на добивка. „Дивелоп Груп„“ е во сопственост на „Бест Веј“ фирма на синот на Сашо Мијалков, Јордан, како и на Александар Ивановски познат како Алек Теранова. Управител на „Гранд Хотел доооел Скопје“ која управува со хотел „Мериот“ е поранешниот заменик министер за внатрешни работи, Иво Котевски.

Меѓу останатите најголеми должници се „Абира плус ДООЕЛ“, „Мил-Давит ДОО Скопје“, „Хотел Гранд ДООЕЛ Скопје“, турската „Спектра Јеотек“, од Кратово и „Блек Си Метал Трејдинг“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: УЈП ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постоело поврат на ДДВ со лажни фактури, што правела Лукаревска и која е нејзината улога во аферата?