Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Управата за јавни приходи нема вратено 22 милиони евра, ниту воопшто некогаш е вратен поврат на ДДВ кон овие компании.

Во таа насока повторно транспарентно и јасно ја информираме јавноста исклучиво врз основа на факти и докази, а во конкретниот случај фактичката состојба е:

1. Посочените даночни обврзници се основани во 2022 година, кои кон крајот на 2022 година извршиле промена на седиштето и на управувачката и сопственичката структура со тоа што како нови основачи/сопственици и управители се јавуваат странски државјани- од Р.Косово

2. Управата за јавни приходи по службена должност согласно анализа на даночните пријави за ДДВ, насочи контроли по основ на ДДВ за период од 2022 и дел од 2023 година и истите се спроведени согласно расположливите податоци од евиденцијата на Управа за јавни приходи и од доставените ДДВ-Пријави од страна на даночните обврзници.

3. Во текот на контролите, од МВР побарани се податоци за влез/излез и престојувалиште на управителите со број на патни исправи наведени во историјатот на промени во ЦР на РСМ. Од страна на МВР добиени се податоци дека и во двата случаи, како носители на патните исправи се јавуваат сосема други физички лици ( исто така државјани на Р.Косово), а не лицата чиј број на патна исправа е заведен во ЦР на РСМ при извршената промена односно нивното поставување за основачи/управители на правните лица.

4.Даночните обврзници поднеле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста) и Управата за јавни приходи нема извршено никаков поврат ниту пребивање со други даночни долгови од основањето на посочените компании.

5. Повторуваме: Не станува збор за барање за поврат туку за поднесени даночни пријави со даночно побарување – Аконтации оставени за идни периоди каде во текот на контролата поради несоработка од страна на даночните обврзници и недоставена документација за увид во веродостојноста на евидентираниот влезен данок со право на одбивка искажан во ДДВ пријавите, со контролите истите не се признаени и обврзниците се задолжени со износ на ДДВ кој треба да го платат.

6. АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП врз основа на извршена надворешна контрола и утврден наод по основ на ДДВ .

7. Како што и претходно известивме, за констатациите утврдени со контролата ( сомнение за даночно казниво работење) известена е Управата за финансиска полиција, за преземање на натамошни дејствија согласно нивната законска надлежност.

8. Согласно Законот за даночна постапка имајќи го во предвид начелото за даночна тајна а со оглед на сензитивните податоци до кои доаѓа при вршење на контроли во одредени моменти на постапката Управата за јавни приходи не е во можност истите да ги споделува со јавноста но е во постојана соработка и координација со останатите надлежни институции и истражни органи.

Апелираме јавноста да не потпаѓа на изнесените изјави, и да ги следат само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните релевантни институции.

Би можело да ве интересира

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг